Friday, April 26, 2013


Градот Кратово е најстариот град на Балканот тој е сместне во подножијето на Осоговските Планини, се наоѓа во стариот вулкански кратер . Кратово датира уште од 4 век пред нашата ера.Традиционалната  храна е дел од старите македонски рецепти, а новите специјалитети само ја дополнуваат квалитетната традиционална храна. Запознавањето на традиционалната храна на еден народ е вовед за запонавањето на неговата култура и верувања.

 Ресторанот Александрија се наоѓа во градот Кратово. Тој е сместен во центарот на градот на улица Јосиф Даскалов Број 35.                                               Ресторанот Александрија е еден од поубавите ресторани кои се отворени од поодамнешно време. Во него се подготвува исклучиво традиционална храна карактеристична за Кратовскиот регион.Ресторанот освен што располага со затворен простор тој располага и со своја сопствена летна бавча.

No comments:

Post a Comment